Италијанец кој сакал да добие потврда за вакцинација против Ковид, но всушност не сакал да ја прими вакцината, дошол на вакцинација со лажна силиконска рака, потврдија италијанските власти.
Маж во неговите 50-ти, дошол на вакцинација со силиконски калап што му ја покривал десната рака, надевајќи се дека тоа ќе помине незабележано.
Но, медицинската сестра не била измамена и мажот сега е пријавен во полиција.
Медицинската сестра за локалните медиуми изјавила дека кога му го засукала ракавот, утврдила дека кожата е „гумена и студена“ и дека пигментот е „премногу светол“.
Откако бил откриен, мажот се обидел да ја убеди медицинската сестра да ги „затвори очите“, пренела je La Republika. Но наместо тоа таа го пријавила во полиција за измама.
Medico No Vax sospeso va a fare il vaccino con un braccio finto per ottenere il Green Pass: denunciato per truffa [di Carlotta Rocci] [aggiornamento delle 18:19] https://t.co/iq0ebiMXYo
— Repubblica Torino (@rep_torino) December 3, 2021
La Repubblica сугерира дека инцидентот можеби не бил изолиран случај, посочувајќи на пораката на социјалните мрежи што можеби ја напишал мажот.
Објавата на Твитер, цитирана од весникот, претставува силиконско машко тело со половина гради, заедно со лажни раце и врат, кое се продава на Амазон за дури 488. евра.
„Ако одам со ова, дали ќе забележат? Можеби дури и ќе облечам повеќе облека под овој силикон за да не дојде иглата до мојата десна рака“, наводно напишал корисникот на Твитер.
Italian man tries to dodge Covid jab using fake arm https://t.co/2WauBZow4i
— BBC News (World) (@BBCWorld) December 3, 2021
Инцидентот се случил во пресрет на заострувањето на мерките во Италија за оние кои не се вакцинирани.
Од август, на Италијанците им треба пропусница за коронавирус што вклучува доказ за вакцинација, негативен тест или закрепнување од вирус – за пристап до железничките станици, кина, ресторани, спортски сали и базени.
Но, од понеделник, овие активности ќе бидат ограничени на оние со „супер зелена пропусница“, која е достапна само за оние кои биле вакцинирани или неодамна закрепнале од Ковид.
Фото: Принтскрин/Amazon