(ВИДЕО) Моментот кога еден од највисоките кинески облакодери почнал да се ниша

Високиот облакодер „СЕГ Плаза“ висок скоро триста метри необјасниво започнал да се ниша околу 13. часот по локално време, а евакуацијата на луѓето внатре била веднаш извршена, додека минувачите на околните улици гледале зачудено.
Агенцијата за управување со вонредни состојби истражувала што предизвикало облакодерите во областа Футијана во Шенжен да се нишаат, се вели во објава на платформата Weibo, што е нешто како Твитер.
„По проверка и анализа на податоците на различните станици за следење на земјотресот низ градот, беше заклучено дека денес немало земјотреси во Шенжен“, се вели во соопштението. „Причината за лулањето ја проверуваат различни оддели.


Фото: Принтскрин/Yvonne Cheung/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …