(ФОТО) ПРИНЦОТ СЕ ВАКЦИНИРАЛ: Вилијам испратил порака до медицинските работници

ПРИНЦОТ Вилијам објави дека во вторникот се вакцинирал против вирусот корона.
Тој им се заблагодарил на сите медицински работници кои учествуваат во процесот на вакцинирање.

– Во вторникот ја примив првата доза на вакцина против ковид-19. Благодарам на сите што работат на имунизација за сè што сте направиле и продолжувате да правите – напишал принцот Вилијам.
Принцот се разболел со ковид-19 минатиот април, приближно во исто време со неговиот татко, престолонаследникот Чарлс, иако веста се чувала во тајност до ноември.
И други членови на кралското семејство претходно објавија дека ги примиле вакцините, вклучувајќи ги принцот Чарлс и кралицата Елизабета, кои рекле дека вакцинацијата е многу брза и безболна и ја повикале јавноста да го следи нивниот пример.
Велика Британија имунизираше скоро 37. милиони луѓе со првата доза досега, а во моментот секој над 34. години има право на вакцинација.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …