(ФОТО) Салма Хаек за борбата против короната: „Повеќе сакам да умрам дома!“

Популарната холивудска актерка Салма Хаек открила дека за малку ќе умрела од коронавирус и дека „лекарите ја молеле да оди во болница затоа што била многу лошо“.
Таа во јавноста објави и приказна за малтретирањето што го доживеала од продуцентот Харви Вајнштајн, што го напишала во есеј за Њујорк Тајмс.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Актерката изјави дека во првите денови од пандемијата Ковид 19, таа имала фатална форма на оваа болест и дека поминала седум недели во изолација на кислород во нејзиниот дом.
„Лекарот ме молеше да одам во болница затоа што состојбата беше многу лоша“, рекла актерката и додала:
„Не благодарам, повеќе сакам да умрам дома“, рекла Салма.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Последиците од болеста се повремени замор и пад на енергијата, што таа особено ја почувствувала на снимањето на филмот „Куќата Гучи“, во која глумеше заедно со Лејди Гага и Адам Драјвер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Таа во својот прв есеј за Њујорк Тајмс напишала и за малтретирањето на продуцентот Харви Вајнштајн, кој наводно од неа побарал сексуални услуги, а таа исто така изјавила дека тој „физички ја извлекол“ од прославата и и’ го загрозил животот.
„Беше многу тешко затоа што решив да не бидам жртва иако бев жртва. Морав да се осигурам дека сум борец и пред сè, преживеав. Кога сето ова се случи со приказната за Харви, не знаев дека им се случило на многу други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец“, изјавила актерката Салма Хаек.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …