(ВИДЕО) Тестенини со шунка и павлака – едноставно а вкусно!

Лесен оброк кој секому ќе му се допадне
Потребно е:
200 гр тестенини
1 јајце
200 гр павлака
2 лажици сушени печурки
3 кисели краставички
150 гр шунка сечена на коцки
200 мл млеко
малку бело сирење
кашкавал


Подготовка:
Сваретее ги тестенините, исцедете ги и изладете ги малку. Изматете го јајцето, додадете ја павлаката и изедначете. Исечете ја шунката на коцки, како и краставичките. Ставете сè во тестенините.
Додадете 2 лажици инстант печурки во млекото и додадете ги во тестенините. Изедначи сè. Подмачкајте го плехот со масло и истурете ги тестенините.
Одозгора може да се додадат големи коцки сирење и рендано жолто сирење. Печете на 220 степени да зарумени 40-50 минути.
Послужете разладено и уживајте во извонредниот вкус.


Фото: Принтскрин/youtube.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …