(ВИДЕО) ЕМОТИВНО, НОСТАЛГИЧНО НО И ЗА ГОРДОСТ: Венко Серафимовски го најави албумот „Македонски балади“ на Бошко Симоновски и неговите пријатели

Во едно емотивно, носталгично, со прикриен инает, воодушевување… Венко Серафимовски го најави албумот „Македонски балади“ на Бошко Симоновски и пријателите…
Можеби на прва името на Бошко Симоновски нема ништо да ви значи, но…На, познавачите во музиката во Македонија и тоа како им значи бидејќи тоа е човекот кој ја одржуваше рок сцената во Штип па и пошироко. „На сите им даваше шанса за настап, за претставување, еден широк…човек“, како што вели Венко.
И, во неговите зборови има многу емоции, носталгија но и скромност. Бидејќи, ретко кој може и смее да се осмели да зборува за творештвото на Венко Серафимовски, а кога од тој човек ќе слушнете едно воодушевување проткаено со носталгија со нетрпение ќе сакате да минуваат секундите од видеото и да дојде музиката…
А, музиката е исконска, македонска, староградска, ноти кои ги заборавивме, бидејќи нели се е комерцијала – па и на радио и тв станиците повеќе вртат странски „хит“ нумери од оние кои доаѓаат на неколку часа да ни ги земат парите и си заминуваат и веднаш не забораваат. А, Венко ги „моли“ токму тие од радио и тв станиците да и дадат шанса на оваа музика…не само затоа што е македонска туку дека е квалитет.
Кога ќе го прегледате видеото и ќе ги преслушате нумерите нема да може а да не се согласите со Венко за гласовните квалитети и емоции со кои ги донесува „зборовите“ и нотите – Ленче Јорданова (која долги години живее и работи во Франција), или на емоцијата која во своето музицирање ја внесува Зоран Казакова кој пак долги години живее и работи во Швајцарија…
Сето тоа придонесува овој албум, според првото слушање, „Македонски балади“ на Бошко Симоновски да го чекаме со нетрпение и често да си го слушаме…Не само поради прекрасната музика и вокал туку и поради емоциите кои ги донесува.
Уживајте:


Продукција – Венко Серафимовски
Ленче Јорданова – вокал и виолина
Зоран Казаков – труба и хорна
Дејан Георгиевски – Ѕене – снимател и клавијатури
Венко Сеафимов – водечка гитара
Бошко Симоновски – гитари
Влатко Симоновски, дајре, ѓембе, тарабука
Васко Серафимов – фотографии од железничка станица

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …