(ФОТО) Глумицата изгледа како грчка богинка: Спвршена летна комбинација во режија на Ангелина Џоли!

Таа на сите им одржа лекција за мода и објасни како изгледа идеалниот летен стајлинг…
Ретко можеме да ја видиме Ангелина во посветли тонови на гардеробата. Таа е верна на црните комбинации, и мора да признаеме дека посветлите бои, особено белите, изгледаат одлично на неа.
Овој пат, се повлече од нејзината зона на комфор и носеше модел на фустан што не е карактеристичен за неа.


Лесниот и разигран долг фустан дава доза женственост и елеганција, а појасот околу половината визуелно создава фигура на песочен часовник. Белата боја ја прави идеална за летните денови, а во овој крој секоја жена изгледа како грчка божица.



Актерката се одлучи за кафеави папучи, кои се релевантни и оваа сезона, и бела торба. Едноставна, права коса одговара најдобро во овој стил.
Овие и слични модели, кои се лесно разиграни, се апсолутен летен хит. Ако барате фустан во кој вреди да се инвестира и во кој ќе изгледате одлично, ова е вистинскиот модел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …