Како да носите свилена марама како заштитна маска
Оливија Палермо важи за една од најголемите модни икони на денешницата.
Како жена со големо влијание на облекувањето на многу дами, Оливија е свесна дека нејзината одговорност исто така мора да придонесе за да се спречи ширењето на вирусот корона.
Затоа деновиве на Инстаграм дава идеи за тоа како летните комбинации да ги направи совршени, а во исто време да се заштити од инфекција.
“Безбедноста е важна, но нека ви биде модерна.Пронаоѓам креативни начини да се заштитам себе си во дневните прошетки со кучето. Бидете креативни и побарајте своја маска во вашиот плакар”, вели Оливија, која решила нејзината „маска“ да биде убава свилена марама.