(ВИДЕО) КАНАЛ 5: Институт од Сиетл предвидува три сценарија за Ковид -19 во Македонија: Едното е АЛАРМАНТНО!

Борбата со Ковид – 19 продолжува и понатаму, бројката на новозаболени и смртни случаи ќе расте доколку државите не се придржуваат до мерките за заштита сметаат дел од домашните здравствени експерти.
Американскиот институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот „Вашингтон“ од Сиетл наведува три сценарија за Македонија. Најалармантното предвидување е дека до 1. ноември од Ковид -19 во земјава може да починат 1.629 луѓе, ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита. Според микробиологот Никола Пановски,кој за Канал 5,вели дека бројките на Институтот не се невозможни, но дека и тој предвидел дека до крајот на годинава доколку не се почитуваат мерките смртноста би била околу 1.000 починати од Ковид – 19.


Покрај ова од Американскиот институтот предупредуваат на уште две можни сценарија, и тоа најлоштото е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до 1. ноември. Во тој случај, бројот на починати би пораснал до 32. лица дневно, додека во најповолното сценарио, таа бројка е 3. дневно.Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до 1. ноември би изнесувал 752.Ваквите анализи за професорот Пановски се издржани и апелира до граѓаните на доследност во почитување на здравствените мерки.
Проекциите на Институтот за здравствени мерења и проценки се објавени на 14. јули, врз основа на бројките до 11. јули, кога имаше 380. починати во Македонија.


Извор: kanal5.com.mk


Автор на прилогот: Сунаи Сабриоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …