(ВИДЕО) Необичен виолетов остров во Јужна Кореја!

Целата наша планета Земја, односно многу земји кријат некои преубави места. Еден јужнокорејски остров стана вистински хит на Инстаграм, тоа е Виолетов остров.
Пандемијата на вирусот Ковид-19 ширум светот ги носи своите последици. Меѓутоа, кога сето тоа ќе помине еден ден (кој може), нека ја посети Јужна Кореја и интересното обележје „Виолетов остров“. Како што сугерира името, ова место е виолетов рај надополнет со огромни полиња на лаванда, дрвја што цветаат во виолетова боја, како и куќи во истата боја, мостови во виолетова боја, па дури и патишта.
Засега не е јасно како се појавила идејата островите Банвол и Парки, две островчиња поврзани со голем дрвен мост (виолетов, се разбира) да се претворат во – „Виолетов остров“.


Но, минатото лето, властите во округот Синан, провинцијата Јужна Џеола, ги објавија своите планови за уникатна туристичка атракција.
Плановите вклучуваат засадување на 40.000 растенија на лаванда, како и други виолетови растенија, фарбање на станбени згради во виолетова боја, како и патни атракции, но и самите патишта.
Собите во хотелот, рестораните и тоалетите се обоени виолетово, дури и некои од локалните автомобили.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …