(ФОТО) Лиз Харли ја прекина тишината по повод смртта на бившиот и таткото на нејзиниот син:„Нашето време заедно беше среќно и покрај тешките моменти!“

По веста за ненадејната смрт на Стиви Бинг, кој поради осаменост во карантинот решил да си го одземе животот, се огласи и неговата некогашна партнерка, актерка и манекенка…
Лиз Харли се прости од поранешниот партнер и татко на нејзиниот син
Елизабет Харли се збогува со Стив Бинг , поранешниот партнер и таткото на нејзиниот син.
Британската манекенка и актерка била во врска со режисерот и филантроп во раните 2000-ти, а тие се разделија пред да се роди синот во 2002 година. Харли објави серија фотографии со него на Инстаграм и напиша трогателна проштална порака.


“Шокирана сум со сознанието дека мојот бивши Стиви не е повеќе со нас. Страшен крај. Нашето време заедно беше среќно и ги објавувам овие фотографии затоа што, иако поминавме низ некои тешки времиња, тие се важни и прекрасни сеќавања на еден драг и добар човек. Минатата година повторно станавме блиски”, напиша таа, додавајќи дека е бесконечно тажна.
„Последен пат кога разговаравме беше на 18-тиот роденден на Демјан. Ова е катастрофална вест и им благодарам на сите за пораките со поддршка“.


55-годишниот продуцент, наводно, бил во депресија поради недостаток на човечки контакт за време на карантинот и си го одзеде животот со скок од 27. кат на зграда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …