(ФОТО) НИТУ МАСКАТА НЕ ГО НАРУШУВА ОДЛИЧНИОТ СТАЈЛИНГ: Кралицата Летиција не одолеала на водечкиот тренд на сезоната!

Уште еден одличен стајлинг на кралицата Летиција кој не е нарушен ниту од заштитната маска…
По олеснувањето на мерките во Шпанија, кралицата Летиција и нејзиниот сопруг Фелипе се вратија на своите должности, а прва во редот била посета на театарот Teatros del Canal nakon, кој, како и многу културни институции, беше затворен среде пандемија на коронавирус.
Овој пат, тие решиле да ги поведат и своите деца со себе. Кралицата Летиција ја искористила оваа можност уште еднаш на сите да им одржи модна лекција и да покаже како изгледа добро стилизирана жена, на која во овој случај не и пречи ниту заштитната маска.


Таа, исто така, не успеала да го одмине водечкиот тренд на сезоната, па се појавила во плисирано здолниште, кое го комбинирала со црна маица и еспадрили на врзување.
Малата платформа придонела нозете да изгледаат потенки, а моделот на маици е одличен избор затоа што ја одразува женската силуета.



Плисираните здолништа веќе неколку месеци ја освојуваат модната сцена, а може да се носат во различни варијанти, од оние лежерни до свечени. Летиција ни даде одличен пример за добар деловенстил што и ласка на скоро секоја жена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …