Ова лето Еуростандард банка својот простор го претвора во промотор на уметноста

Како долгогодишен поддржувач на уметноста, но и на културата воопшто, ова лето Еуростандард банка се приклучува кон проектот „Летна авантура со Култура“ преку кој Банката ќе ја промовира литературата и младите автори во сите свои експозитури.

Проектот на издавачката куќа „Култура“ подразбира промоција на многу нови наслови и попусти на голем број бестселери од повеќе домашни и странски автори, стручна литература, учебници, литература за деца итн., додека пак Еуростандард банка ќе го стави својот простор на располагање со цел промоција на литературата и уметноста.


Имено, во текот на летото просториите на Еуростандард банка ќе бидат претворени во литературно и творечко катче во кое многу млади автори ќе имаат можност да ги претстават своите дела, а пак за своите клиенти, како дел од проектотБанката најавува и голем број изненадувања, подароци, разни интересни активности за љубителите на книгата, како и содржини за најмалите.


„Во ова неизвесно време во кое живееме, книжевноста е уметност која создава нови, поинакви светови, правејќи гои нашиот свет подобро место за живеење. Токму затоа, во соработка со Култура одлучивме ова лето и нашите клиенти да ги однесеме во еден нов свет на нови наслови, бестселери, дела на бројни современи домашни и странски автори и голем број изненадувања, со што веруваме дека и нивното секојдневие ќе успееме да им го направиме поубаво и поразлично барем за момент.Ги покануваме сите заинтересирани да повелат во некоја од нашите експозитури, со цел заедно да делуваме во насока на промоција на уметноста и поддршка на младите автори“, велат од Еуростандард банка.

Инаку и досега Еуростандард банка се приклучувала на повеќе иницијативи и кампањи на издавачката куќа „Култура“ со цел поддршка на литературата, а е долгогодишен и искрен промотор и на културата воопшто, поддржувајќи бројни културни манифестации меѓу кои и „Охридско лето“ и „Скопскиот џез фестивал.“


За повеќе информации околу проектот „Летна авантура со Култура“ и најава на активностите, следете ја Фејсбук страницата на Еуростандард банка.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …