(Рецепт) Чоколадни браунси со банани

Брзо и едноставно – идеално за викенд кога на сите ни се јаде нешто слатко а не сакаме да „потрошиме“ многу време!
Состојки:
2 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
50 мл млеко
3 банани
2 лажици какао во прав
1 лажица брашно
1 лажица нишесте
1 лажичка прашок за печиво
црно чоколадо
Подготовка:во соодветен сад измешајте ги јајцата и млекото со шеќерот па додајте ги испасираните банани. Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашно, нишесте, какао и печиво и поврзете со мокрите состојки. Црно чоколадо исечете на ситни коцки и полека вмешајте во тестото. Добиената смеса истурете
ја во мало правоаголн тавче покриено со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 180. степени, Печете 20 – 25. минути.
Испечениот и малку изладен колач исечете го на коцки и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …