(Рецепт) Колач со Орео од само три состојки

Времето на карантинот за време на короната многумина натера да ги искомбинираат омилените состојки, а на една инфлуецерка и успеало да направи прекрасен колач од само три состојки…
Потребно е:
750 мл слатка павлака
50 г шеќер во прав
околу 60 орео кекси


Подготовка: слатката павлака матете ја со шеќерот во прав.
На дното на садот каде ќе го редите колачот ставете еден ред орео кекси па нанесете тенок слој од слатката павлака. Потоа повторно орео кекси и павлака додека не ги потрошите состојките. Завршете со подебел слој слатка павлака и изронете орео кекси.
Колачот префрлете го во фрижидер на три до четири часа па можете да сервирате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …