Враќањето на Шерлок Холмс – настан за фанови

Продолжува богатата програма на првото издание на фестивалот за литература и општа култура, „ВИДИК“, во организација на „Литература.мк“.

Денес, со почеток во 19:00 часот во книжарницата на „Литература.мк“ во „Сити мол“, ќе се одржи тематскиот интерактивен настан за фанови, во чест на денот на раѓањето на славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл (22 мај 1859 – 7 јули 1930), автор на серијалот за славниот детектив Шерлок Холмс.


На настанот ќе бидат претставени едицијата „Шерлок Холмс“ во издание на „Арс Ламина“, во која се застапени девет новопреведени наслови со нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониевска, која ќе биде дел од настанот.

Исто така, ќе биде претставен и серијалот „Шерлок Холмс за деца“ – со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за најмладите читатели.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ова се најлошите навики на секој хороскопски знак

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …