Среќен роденден Иво Јанкоски !!!

Иво Јанкоски е роден на 14 јуни 1955 година во Скопје. Тој е познат продуцент, издавач, промотор и основач на првата македонска независна издавачка куќа „Трето уво“.

Јанкоски дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1980 година, добивајќи диплома по економски науки. По низа позиции во различни компании, Јанкоски во 1990 година почнува со својата менаџерската кариера. Менаџерскиот список на Јанкоски вклучува имиња како: Леб и Сол, Влатко Стефановски, Анастасија, Кирил Џајковски и Вања Лазарова. „Трето Уво“ го има издадено првото македонско ЦД за домашниот музички пазар.


Во 2001 година, Иво Јанкоски започна со организација на фестивалот „Balkan Music Square Festival“ во Охрид. Фестивалот траеше повеќе од десет години.

Во 2009 година, Иво Јанкоски го објавува проектот „Amazing Macedonia“. Проект за македонското културно наследство и природните убавини. „Amazing Macedonia“ е аудио визуелен проект (книга и 40 минутно видео во ДВД формат) кој содржи над 600 фотографии и над 100 природни звуци од Македонија. Содржината на овој проект ги претставува најважните и најпосетуваните места во Македонија. Филмот учествуваше во официјалната конкуренција на 47. Фестивал на туристички филмови во Лече, Италија. Добитник е на специјална награда за културно-историско и амбиентално претставување на Македонија. Во септември 2011 година проектот ја освои наградата Златен Интерстас од Европската федерација на туристички новинари со седиште во Рим, Италија. Филмот имаше номинација за Гран при наградата на Меѓународниот фестивал за туризам во Сплит, Хрватска и беше награден со специјална награда од фестивалот.


Искуството на Иво Јанкоски во музичката индустрија му беше одлична основа за менаџирање на ТВ-проектот „Play- потрага по ѕвезди“ заедно со познатиот македонски композитор и продуцент Дарко Димитров. Тие заедно ја започнаа М2 Продукција и во следните десет години открија многу нови таленти. И двајцата ги продуцираа Елена Ристеска, Туна и Ламбе Алабаковски.

Среќен роденден Иво ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …