Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 година во Скопје. Таа е позната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. На сцената на Драмски театар – Скопје настапувала од 1964 година како глумец аматер, во 1970 година се вработила во Драмски театар – Скопје и работела сè до нејзиното пензионирање во 2013 година.
Делова ги остварила улоги во следниве филмови и тв-серии:
1970 Детективи ТВ-филм
1970 Александра ТВ-филм
1971 Веселиот Иван Гулабин ТВ-филм
1975 Илинка ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Тумба, тумба, дивина ТВ-филм
1984 Диво месо ТВ-филм
1985 На наш начин ТВ-филм
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија
1986 Солунски патрдии ТВ-серија
1987-1990 Чук Чук Стојанче ТВ-серија
1989 Тврдокорни ТВ-серија
1990 Еурека ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм
1991 Болва в’ уво ТВ-филм
1991 Опстанок ТВ-серија
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1994 Пред дождот ТВ-филм
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1997 Македонски народни приказни ТВ-серија
1998 Салон Хармони ТВ-серија
1998 Вујко Вања ТВ-филм
2000 Мајка Тереза ТВ-филм
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2010 Од денес за утре ТВ-серија
2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
Добитничка е на следните награди:
- 1978: Награда „13 Октомври“ за учество во „Хамлет“ како ликот Офелија
- 1996: Награда за најдобро глумечко остварување, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“
- 2006: Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
Среќен роденден Ленче, ти посакува редакцијата на Екран.