(Мени) Строга диета со која за 13 дена ќе се подготвите за одмор – Може да „истопите“ од 9 до 13 кг!

Непосредно пред годишните одмори започнуваат проблемите скоро за секоја жена – Како да ослабнам до одмор? Како да „симнам“ неколку килограми и да изгледам попривлечно во костумот за капење?
Се чини дека има решение за сето ова доколку имате цврста волја и сте решени да се ослободите од мрсните наслаги. Но, ова што денес ви го предлагаме не е само диета туку вовед во стабилизирање на метаболизмот а вие за 13 дена „мака“ ќе придонесете за продолжено слабеење и во наредните месеци…
Данската диета е ригорозна програма која трае 13. дена и доколку сакате да ја спроведете, задолжително претходно консултирајте се со доктор.
Оваа диета од точно 13 дена симнува од седум до 20. килограми, во зависност од почетната тежина.
Како што пишува dijeta.net, ова не е традиционална диета, туку начин телото да започне побрзо да согорува маснотии и да исфрла вишок течност, што придонесува диетата да функционира и по нејзиното завршување.
Планот за исхрана мора да се следи точно 13. дена, ни помалку ни повеќе, и како што споменавме, тој мора да се следи како што е наведено – без измама.
Ако, на пример, пиете пиво или чаша вино за време на вашата диета, џвакате гума за џвакање или јадете друга храна што не е наведена, мора веднаш да ја запрете бидејќи нема да има резултати. После тоа, диетата може да се повтори дури по шест месеци, НЕ порано.
Ако сте ја издржале диетата до крај, тоа се точно 13 дена, не треба да ја повторувате во следните две години.
Кога сте гладни, пијте вода (најмалку два литра на ден).
Кафето може да се замени со чај.
Мора да користите коцки шеќер.
Специјална салата се јаде скоро секој ден, па затоа е погодно да се подготви неколку дена однапред.


САЛАТА
1 кг моркови
1 кг бела зелка
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 страк праз
За прелив:
1 дл масло
1/2 дл јаболков оцет
1/2 лажиче шеќер
1/2 лажиче сол
Измешајте ги сите состојки и прелијте ја салатата. Оставете да отстои еден час. Од време на време измешајте.
Салатата можете да ја чувате во пластичен сад во фрижидер. Може да се чува до една недела. Ако е за една личност, тогаш половина од горенаведената количина е доволна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Препорака на стручњак – Како да создадете калориски дефицит за да изгубите тежина? Следете ги следните правила!

Губењето на тежината може да се случи кога водите балансиран начин на живот кој вклучува …