Денес се сеќаваме на македонската фудбалска легенда Кирил Симоновски-Џина

Кирил Симоновски – Џина е роден во Скопје на 19 октомври 1915. Тој беше познат македонски фудбалер и тренер.

После завршувањето на основното училиште станал член на ФК „Југ“, па на ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. Тој бил и учесник во НОБ од 1944. По Ослободувањето играл за репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Фудбалската кариера ја завршил во ФК „Партизан“ во Белград, а потоа се посветил на тренерската работа.


Тој се смета за првиот македонски спортист што веднаш по Втората светска војна, поточно во август 1945 година, заминал во Белград, прекомандуван од скопската воена област во белградската. Прекомандата била услов Џина да биде член во тоа време на еден од најдобрите фудбалски клубови во Југославија, Партизан, односно тој е првиот македонски фудбалер што настапил за Партизан. Во овој клуб Џина останал околу четири и пол години и настапил на 171 пријателски, првенствени и меѓународни натпревари. Настапот на Партизан не можел да се замисли без Кирил Симоновски – Џина. Со својот клуб тој играл во СССР, Полска, Чехословачка, Франција, Романија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, Швајцарија, Алжир, Израел и др.

Тој е првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација, прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство.


Починал во Белград на 1 јуни 1984 година.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, организира настан по повод Светскиот ден на …