Корал Хаксфорд на својот профил на TikTok сподели видео во кое за прв пат и соопштува на мајка си дека е бремена.
Корал и нејзината мајка биле особено емотивни бидејќи бременоста следела години на неплодност и неколку обиди за ин витро оплодување.
Таа веднаш на влезот во куќата и се јавила на мајка си на која и покажала позитивен тест за бременост, а нејзината мајка била многу среќна и воодушевена. Таа ја гушнала и долго не ја испушталаод прегратка а Корал посебнои се заблагодарила бидејќи и била најголема подршка.
@kokohux My mom has been our biggest support system since day one. All the pain and suffering we felt during this journey, i know she felt too. We wouldnt have gotten to this moment without her and we are so thankful for everything she has done and continues to do for us. I know my dad was standing right next to her every step of the way 💛🥹 #ivf #fertilityjourney #unexplainedinfertility #ivfstory #infertilityawareness #frozenembryotransfer #fet3 #ivfsuccess #pregnancyannouncement ♬ Forever – Noah Kahan
Корал навела дека во овој процес нејзината мајка минувала низ истата болка и борба како и таа и дека не би можеле да стигнат до овој среќен момент да не била таа.
Ова видео на TikTok има повеќе од 1,5 милиони прегледи, а следбениците напишале дека ништо не може да се спореди со љубовта на мајката, додека други велат дека реакцијата на мајката на Корал ги расплакала.
По видеото од реакцијата на мајката, Корал продолжила да објавува видеа во кои ги известува своите следбеници за текот на самата бременост.
Фото: Принтскрин/TikTok