Многу луѓе го започнуваат денот со кафе, не знаејќи дека овој утрински напиток може да им помогне да ослабат.
Имено, во последно време на социјалните мрежи се почесто се зборува за тоа како додавањето цимет и какао во утринското кафе може да ви помогне да ги намалите килограмите во текот на денот, но и да помогне при надуеност.
Најчесто се вели дека овие две состојки можат да го стимулираат телото да согорува масти. Вака подготвеното кафе се препорачува да го пиете наутро пред јадење.
Сепак, за да не се сведе се на проверени информации од социјалните мрежи, овој трик го одобрила и докторката Таз Варки, која детално опишала како малку цимет и какао во кафето можат да го поттикнат согорувањето на мастите, да го намалат воспалението и да помогнат при слабеење.
„Додавањето цимет во утринското кафе може да помогне да се намали хипергликемијата, да се зголеми согорувањето на маснотиите и да се намали воспалението. Сето ова е неверојатно корисно за забрзување на вашиот метаболизам и помагање при губење на тежината“, изјавила таа.
Таа исто така изјавила дека можете да додадете цимет во секаков вид чај, а има уште една состојка која може да биде одличен додаток на вашето кафе. Станува збор за кокосово масло. Тоа е затоа што има висока содржина на масни киселини со среден ланец (MCTs), кои таа ги опишува како „посебен тип на маснотии“ што вашето тело различно го метаболизира. Исто така, се покажало дека го стимулираат метаболизмот.
Фото: Архива