Возбудливо финале на ТРИУМФ: Најекстремни предизвици досега за награда од 3.000 евра

Многу адреналин, најекстремни каскадерски предизвици досега и тестови на издржливост и храброст до крајни граници. Вака може да се опише финалната епизода, со која заврши првата сезона на адреналинското шоу ТРИУМФ, кое се емитува на платформата GLEY или на YouTube каналот LAZAROV, и кое со секоја нова епизода соборува рекорди на гледаност.

Последната и најекстремна епизода на ТРИУМФ заврши со триумф на тимот од Крива Паланка, кој во директна борба со екипите на Новаци и Неготино стигна до паричната награда од 3.000 евра. Натпреварувачите во финалето мораа да се соочат со опасни предизвици кои вклучуваа змија, лебарки, мраз и ковчег, тестирајќи ја својата храброст и издржливост на патот до примамливиот паричен износ.


Финалната епизода донесе и променет формат со само една главна игра, а како и секогаш, имаше и мини-игра пред главниот настан, која одреди кој тим ќе има предност и кој прв ќе стартува. Тимовите мораа да се потпрат на брзината и стратегијата за да добијат предност пред своите ривали. Главната игра беше поделена во четири сектори, кои претставуваат единствени и огромни предизвици. Форматот на натпреварот ја тестираше не само физичката сила и издржливоста на натпреварувачите, туку и брзото размислување и тимската работа под притисок. Секоја секунда е важна, а најмала грешка може да чини конечен триумф.

Најновата епизода (финале) веќе е достапна и на YouTube каналот на Лазаров на следниот линк:


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Совршени денови“ – Филмот на Вим Вендерс номиниран за Оскар за најдобар меѓународен филм 2024 вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм …