Докторката Џесика Кис од Калифорнија, која е специјализирана за семејна медицина, издвоила пет јадења, односно храна која никогаш не би ја конзумирала, за да не и наштети на здравјето.
Докторката вели дека никогаш не би јадела варен ориз кој е подгреан бидејќи тоа за неа е еднократен оброк.
„Типот на бактерија B. cereus се појавува кога ќе го оставите варениот ориз некое време на собна температура, а потоа поосебно се реактивира доколку не го загреете правилно во микробранова рерна“, вели таа.
Оваа бактерија може да предизвика труење со храна, па дури и смрт, тврдат експертите од Клиниката во Кливленд, пишува Daily mail. „Тоа е затоа што создава спори, па не е толку едноставно како убивање бактерии, мора да ги убиете и спорите, не е вредно за тоа“.
Друга ставка на нејзината листа е храната која долго време седи на несоодветна температура за време на пикник. „Ризикот е едноставно превисок“, додава таа. „Бактериите можат брзо да се размножуваат на високи температури, според FDA, што може да предизвика труење со храна“.
„Сум видела дека тоа се случува толку многу пати, по празничните викенди, собите за итни случаи се преплавени со луѓе со болести предизвикани од храна… јадете веднаш или јадете малку подоцна (откако ќе го започнете вашиот пикник)“, истакнува таа.
Третата ставка е: „Би рекла дека 99 проценти од времето нема да јадам храна која е покриена со прехранбени бои. Тоа едноставно не е добро за вашето тело, а не сакам неонска столица ниту следната недела, затоа тоа го избегнувам како чума“.
Таа, исто така, не јаде храна ниту од вдлабнати лименки, поради страв од ботулизам, ретка и потенцијално опасна по живот болест предизвикана од ботулински токсин, кој може да се појави во храната што е „неправилно конзервирана“ или ферментирана, според Центрите за контрола ипревенција на болести.
Петтата ставка ги изненадила сите, а тоа е грејпфрут. „Причината е што толку многу лекови влијаат на ова овошје. Начинот на кој се обработува грејпфрутот во вашето тело е во интеракција со еден тон лекови, па ако земате одреден лек, треба да проверите дали треба да јадете грејпфрут со него“, пишува Daily mail и наведува дека во оваа група лекови спаѓаат оние против хипертензија и анксиозност.
Фото: Архива