(ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО ГРАНД: Потврдена измама во гласањето

„АНАЛИЗАТА на гласањето ја направи швајцарска компанија по наше барање…

По измама во гласањето, двајцата полуфиналисти на шоуто „Никогаш не е доцна“ беа дисквалификувани од понатамошното натпреварување, поради што во финалето оди Милош Радиќ Шеш, кој доби најмногу гласови од публиката на Фејсбук.


Официјалното соопштение на Гранд продукција и автор на шоуто „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ, го пренесуваме во целост:
– Почитувана публика, анализата на полуфиналното гласање на Фејсбук откри дека двајца кандидати користеле хакерски услуги за вештачки да генерираат гласови со употреба на нелегални VPN услуги. На наше барање, анализата на гласањето ја направи швајцарска компанија која од платформата на Фејсбук доби детален извештај за секој пристигнат глас со детален опис на времето, земјата, провајдерот и IP адресата од која пристигнал. Со дисквалификување на тие гласови добивме нов победник на гласањет кој редовно освојуваше најголем број гласови, а тоа е Милош Радиќ Шеш, кому од се срце му честитам за заслужениот влез во финалето!

Настапот на нашите Јованка Јакимоска Јо и Огнен Здравкоски можете да го погледнете во 50 минута.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …