Традиционален марш во чест на великанот Рацин по повод 81 години од неговата смрт

Во недела на 9 јуни 2024 година, во организација на Еколошка Групација Грин Пауер-Велес во чест на великанот Рацин, а по повод 81 години од неговата смрт ќе се одржи традиционалниот марш на планината Лопушник.

Кратки информации и детали за маршот и план на предвидени активности:


– Вкупен број учесници на маршот :
30 учесници од Велес
На Велешани ќе им се придружат учесници од Битола, Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Росоман.
Бројката на учесници за кој е обезбеден бесплатен превоз е лимитиран на 30.

ТРГНУВАЊЕ ОД ВЕЛЕС :
Недела, 09 јуни 2024година во 4:00 часот пред стоковна куќа НАМА во центарот на Велес на кружниот тек. Се оди преку Прилеп, Македонски Брод и Кичево. Пристигнување во с.Извор во 6.30 часот. СТАРТ на маршот : 7:00 час од село Извор пред полициската станица.


Планирано е маршот традиционално да започне од село Извор, а групата ќе ја води лиценциран туристички и планинарски водич. Групата ќе биде одбележана со официјалното знаме на Општина Велес кое ќе се носи постојано за време на маршот. Традиционално, очекуваме на лице место да се прикллучат неколку организирани групи планинари од Битола, Прилеп, Кичево и Скопје. Пристигнување на групата на врв Стог, на Лопушник околу 11 часот на кој ќе се положи цвеќе пред споменикот на Коста Солев Рацин заедно со претставниците на Општина Велес и сите приссуттни учесници и планинари.

Предвидено е на врвот поетско читање на делови од песните на Коста Солев Рацин, и дел од авторските песни посветени на Рацин, кои во 2019 год. Во чест на шестдневниот “Марш за Рацин” ги напишаа учениците од О.У. Илија Лумбарковски од Новаци, Општина Битола. Предвидена е и посета на местото на загинување на Рацин, каде што планинарите ќе положат свежо цвеќе и палење свеќи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2024

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, во организација на Македонска …