(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ на Кејт Мидлтон: Првата слика во јавноста по шест месеци борба со ракот

Кејт Мидлтон се појави денеска на церемонијата „Trooping the Colour“ во Лондон, по шестмесечно отсуство од јавни настани, по божиќната прошетка во Сандингам.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)


Долгата коса ја собрала во пунџа и ставила бел шешир со голем раб и црна лента околу него. Многумина коментирале дека принцезата на вчерашната фотографија е многу слаба, но сега, кога повторно ја гледаме во нејзината најубава облека, таа зрачи со елеганцијата со својот потпис.


Уште во март се пишуваше за тоа враќање, но по нејзината објава за дијагнозата рак (на 22 март) беше извесно дека нема да се појави во јавноста. Во последните неколку дена во јавноста се појавуваше само принцот Вилијам, а за здравјето на Кејт се интересираа многу Британци со надеж дека таа наскоро ќе се појави.

По синоќешната објава и нова фотографија од принцезата од Велс, тоа се случи.
Бакингемската палата потврди дека Чарлс (75) ќе учествува во поворката, но ќе се вози во кочија, а не на коњ додека се лекува од рак.
Од 1748 година, парадата го означува официјалниот роденден на суверенот, и покрај тоа што вистинскиот роденден на Чарлс е 14 ноември.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИНЕРАЛ на кој не смееме да заборавиме во сезоната на настинки: Важен за функцијата на имунолошкиот систем

Дали внесувате доволно цинк? Сезоната на настинки и грип е во тек, а еден од …