Танцовиот дует LOUNGE во изведба на Marga Alfeirão и Mariana Benenge вечерва во МКЦ

Вечерва со почеток во 21:00 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе се одржи танцовиот дует LOUNGE во изведба на Marga Alfeirão и Mariana Benenge во чија основа се наоѓа двојната природа на одморањето, чекањето, движењето и придвижувањето. LOUNGE претставува дует за две тела кои се идентификуваат како женски и заедно се движат низ состојби на активност и пасивно одморање, до уживање во траењето на повторувачките движења.

Зборот lounge е глагол, со значење да седиш или да лежиш релаксирано, но и именка со значење јавен простор за релаксација. Лаунџинг (lounging) претставува и дејство и место, простор што можеш да го оформиш, да го населиш и да го густираш. Лаунџ собата како јавно наспроти осамено место, исто така има важност. Со помош на сопственото присуство, изведувачите навлегуваат подлабоко во себеси и во вибрациите. Во делото продира идејата за Невидлив танц во скут, сочинет од мали, речиси невидливи танцови кои со помош на погледот ја избледнуваат границата меѓу танчарот и оној врз кој се извршува танцот.


Преку ваквата кореографска стратегија се нагласува, но и се истражува врската меѓу танчарот и публиката, јавна и приватна, да видиш и да бидеш виден. Сензуалноста е клучна, па одовде и атмосферата. Светлото и музиката даваат потпора, скут во кој танчарите би седнале. Со примена на еротиката и градењето на заедништво, Lounge црпи од удобноста на одморањето како активно право на женскоста.

Дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје, кој ќе се одржи од 5 до 16 јуни на четири локации низ Скопје: Музејот на современа уметност, Станица 26, МКЦ и Театар Комедија. Тематот на фестивалот оваа година е ОСТАНУВАЈЌИ СО НЕЛАГОДНОСТА. Со оваа тема, ги истражуваме потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, несоодветноста, неприкладноста, неугодноста, непријатноста, чудното, некомфорното – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието.


Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Се реализира во партнерство со Медуза, ТрансФормА, Локомотива и Тииит! Инк., а благодарение на несебичната поддршка на Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Heinrich Böll Stiftung, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација Отворено Општество Македонија, Friedrich Ebert Stiftung, Француската амбасада во Скопје, Transgender Europe, и International Trans Fund.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …