Тони Симиќ е роден на 8 јуни 1976 година во Скопје. Тој е македонски поранешен кошаркар и репрезентативец кој играл на позиција центар. Тони Симиќ имал кратка меѓународна кариера во полски Котвице во 2005 година кога на почетокот на сезоната одиграл два натпревари.
Во летото 2010 година, откако клубот од претходната сезона Вардар Осигурување се распаднал, Симиќ потпишал договор со Торус. Но таму не останал долго и веќе во септември бил во редовите на Работнички во пресрет на сезоната 2010/11. Таа сезона, Симиќ со Работнички го освоил Купот на Македонија 2011, а и бил вицепрвак во Првенството.
Откако бил без клуб во сезоната 2015/16, во декември Симиќ потпишал за второлигашот Гостивар. Во 2016 година Симиќ се пензионирал како кошаркар и станал тренер на младинската школа на Работнички. Потоа Симиќ станал младински тренер на Партизан Мулти Шпед. Во сезоната 2018/19, Симиќ станал тренер на сениорите на Партизан Мулти Шпед Водно Санс, екипа која се натпреварувала во Втората лига. Следната сезона, Симиќ продолжил како тренер на Партизан Водно Санс. На полусезоната од сезоната 2020/21, Симиќ го напуштил Партизан Водно Санс и се преселил во Баскет Кам.
Признанија:
- Најкорисен играч на финалето во лигата 2004/05
- Најдобар домашен кошаркар за 2006 година
- Втора најдобра петорка на сезоната 2006/07
- Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07
- Најдобар домашен кошаркар за 2009 година
- Особен придонес во сезоната 2010/11
- Eurobasket.com – особен придонес во сезоната 2011/12
Среќен роденден Тони ти посакува редакцијата на Екран.