Викендов во Дојран, во организација на Триатлон федерација на Македонија и Општина Дојран, ќе се одржи Национално триатлон првенство, во категории Сениори, Јуниори, Мастерс, Кадети, Деца 1 и Деца 2.
Агенда:
• Поделба на стартните броеви за категориите Сениори, Јуниори, Кадети и Мастерс, и краток брифинг на самото место (пред општина Дојран) во петок, 14ти јуни од 19:00-20:00 часот.
• Поделба на стартните броеви за категориите Деца2, Деца 1 и Штафетен триатлон, и и краток брифинг на самото место (пред општина Дојран) во сабота 15ти јуни од 18:00-19:00 часот.
15ти (сабота) Јуни 2024
Распоред на трките според саатница по категории:
7:45-8:15 Поделба на чипови и маркирање за Сениори,Јуниори,Мастерс и Кадети
8:15-8:50 Отворена транзиција за Сениори,Јуниори,Мастерс и Кадети
8:30-8:50 Згревање-пливање за Сениори,Јуниори,Мастерс и Кадети
8:55 Повикување за Старт за Сениори,Јуниори,Мастерс и Кадети
9:00 Старт за Кадети
9:05 Старт за категорија Сениори,Јуниори,Мастерс.
11:00 Прогласување на најдобрите во категорија за Сениори, Јуниори, Мастерс и Кадети
*Напомена: лимит на трката за категориите на Сениори, Јуниори и Мастерс во делот од пливањето и велсипедизмот е 1:15мин од стартот на трката, односно 10:20 часот.
16ти(недела) Јуни 2024
Распоред на трките според саатница по категории:
8:00-8:45 Поделба на чипови и маркирање за Деца 2 и Штафети
8:15-8:50 Отворена транзиција за Деца 2 и Штафети
8:45-8:55 Згревање-пливање, категорија Деца 2 и Штафети
8:55 Повикување за Старт- категорија Деца 2 и Штафети
9:00 Старт за категорија Деца 2
9:10 Старт за Штафети
9:40-10:00 Маркирање на Деца1
10:00-10:20 Отворена транзиција за Деца 1
10:25 Повикување за Старт- категорија Децa 1
10:30 Старт- категорија Деца 1
11:00 Прогласување на најдобрите во категорија Деца 2, Штафети и Деца 1
Напомена: Штафетен триатлон во олимписка форма се изведува од 4 натпреварувачи (2 женски и 2 машки) во распоред машко, женско, машко, женско. Секој член на штафетата прави 200м пливање, 5км велосипед и 1,25км трчање. Минимални услови во старост за учество на натпреварувач или натпреварувачка во штафета е родени 2011 година и постари.
При чекирање во транзиција и маркирање сите членови на штафетата доаѓаат заедно.