С.О.С. фестивал 2024

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „DAS IST WAS WALTER“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру харе со неговиот бенд и ЕКС-ЈУ ретроспективата на Rootboy Selector. Јубилеј слави и домаќинот – „Фреш унион“, полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура помеѓу младата и повозрасната популација.

С.О.С. фестивалот ќе се одржи вечерва, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“. како и анегдоти од над 30-годишната кариера.


Влезниците за С.О.С фестивалот се пуштени во продажба онлајн преку mktickets.mk. продажните салони на mktickets.mk, Димпо Тобако (Нов Пазар, Грозд) и Tobacco Brothers на Широк Сокак во Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народниот Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во својата објава …