(ВИДЕО+ФОТО) Вест која многумина изненадила: Принцот Хари и Меган Маркл имаат неочекувана причина за славје!

Серијата „Круна“, во која се појавува влегувањето на принцезата Дајана во кралското семејство, е номиниран за Еми награда, но номинациите за престижната награда, честопати наречена Оскар за телевизија, донесоа значително изненадувања. Имено, за Еми наградата било номинирано и интервјуто со принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри.
Интервјуто со наслов „’Oprah With Meghan and Harry: A CBS Primetime Special“ во кое славната водителка беше домаќин на принцот Хари и неговата тогаш бремена сопруга Меган Маркл, прво беше прикажано на 7. март и крена доста прашина, и сега е меѓу петте номинирани за Еми награда во категоријата „Најдобри документарни серии“.


View this post on Instagram

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


Објавувањето на номинациите за Еми особено ги воодушеви обожавателите на заткулисните приказни за кралското семејство. Имено, меѓу кандидатите за најдобра драмска серија е серијата за британското кралско семејство „Круна“, која доби 24. номинации, вклучително и за неколку главни актери. За гореспоменатата серија, дури и принцот Хари признал дека и самиот гледал неколку епизоди, и му рекол на водителот Џејмс Корден дека смета дека серијата е на некој начин повистинита од некои вести за него и Меган.


Иако номинацијата изненади многумина, таа всушност беше заслужена затоа што интервјуто го гледаа повеќе од 17. милиони луѓе за време на првото емитување во САД, а откако беше емитувано во Велика Британија, тој број драматично се зголеми. За време на двочасовниот специјал, парот упати голем број обвинувања против кралското семејство и ја „откри вистината“ и предизвика контроверзии затоа што британското кралско семејство го нарекоа расистичко, а Меган призна дека имала проблеми со менталното здравје додека била бремена со нивноито прво дете, синот Арчи. Во контроверзно интервју, парот откри и дека чекаат раѓање на нивното второ дете. Во меѓувреме, Меган Маркл се породи на почетокот на јуни и парот ја нарече својата ќерка Лилибет Дајана, оддавајќи почит на бабата и покојната мајка на Хари, Дајана.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …