Кралицата на хрватската песна Данијела Мартиновиќ по прв пат на најубавите концертни простори во Македонија!

06-ТИ АВГУСТ- ХЕРАКЛЕА, БИТОЛА

07-МИ АВГУСТ- АНТИЧКИ ТЕАТАР, ОХРИД


Авалон продукција известува за нивниот претстоен проект:

Драги пријатели,


Големо задоволство ни е да ве информираме дека после навистина долга пауза, патиштата помеѓу Данијела Мартиновиќ и Авалон Продукција повторно се споија ова лето.

Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ја донесеме навистина квалитетната, интересна и секогаш возбудлива Данијела Мартиновиќ во античките театри во Охрид и во Битола на 06-ти и 07-ми август.


Данијела Мартиновиќ нема потреба на долго и широко да се претставува, нејзините хитови навистина сите ги знаат. Се разбира дека овие концерти ќе имаат одредена специфика која лежи во фактот што Данијела ќе го промовира својот последен проект со наслов „Neopisivo“ во коj добро познатиот материјал го презентира на еден поразличен начин.

Влезниците веќе се во продажба по следниве категории и цени:

Хераклеа-Битола: 600 денари

Антички театар- Охрид:

ТРИБИНИ седење: 800 денари.

ВИП седење: 1200 денари (пред бина, само 100 влезници во продажба)

Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …