(ВИДЕО+ФОТО) Страшни сцени од Атина, пламенот „голта“ се’ пред себе – расте бројот на загинати

На Евија, крајбрежната стража спровела голема операција во текот на ноќта и во петокот за евакуација на стотици жители и туристи по морски пат, користејќи патролни чамци, рибарски чамци и други приватни бродови.


Нова наредба за евакуација по морски пат била издадена доцна во петокот за селото Лимни, кое првично било поштедено од пожарот, а жителите таму биле повикани да се упатат кон пристаништето за да се качат на траектот.
Крајбрежната стража соопшти дека 668. лица биле евакуирани од плажите во североисточна Евија до вчера попладне, откако пожарот ги прекинал сите други превозни средства, а бродот на крајбрежната стража спасил уште 10. лица заробени на плажата поради друг пожар во близина на јужен Пелопонез градот Гито.

Грчките и европските претставници велат дека климатските промени се одговорни за неколку пожари во јужна Европа, од јужна Италија до Балканот, Грција и Турција.
Грција го има најдолгиот топлотен бран во последните три децении, со температури што скокнаа до 45 Целзиусови степени, иако во петокот беше малку посвежо.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …