(ВИДЕО+ФОТО) Страшни сцени од Атина, пламенот „голта“ се’ пред себе – расте бројот на загинати

Две лица загинале, 20 биле повредени, а шест области биле ставени во состојба на готовност поради неконтролираните пожари што се проширија низ Грција.
Огромни облаци од чад ср’уште лебдат над северните периферии на Атина, каде што се повикуваат луѓето да ги напуштат своите домови, а 38-годишен маж, доброволен пожарникар, вчера починал од повредите здобиени од падот на комуналниот столб во предградието на главниот град.


View this post on Instagram

A post shared by Gabriela Thane (@lalathane)


Друга жртва на пожарот е претседателот на Стопанската комора во Атина, Константинос Михалос, кој бил пронајден без свест во фабрика.
Уште најмалку 20. лица, меѓу кои четворица пожарникари, се хоспитализирани поради повреди, а двајца од нив се на интензивна нега во Атина, додека другите двајца се здобиле со мали изгореници.
Пожарникарите во моментов се борат со 154. пожари низ целата земја, кои се поттикнати од променливите ветрови, а најлошите се околу северна Атина.
Пожарите беснеат на блискиот остров Евија и области во близина на античка Олимпија.


Издадени се неколку наредби за евакуација на населението за десетици села на копното и блискиот остров Евија, како и за населбите во предградието на Атина каде пожарот уништил шуми и куќи во правец на езерото Маратон, најважниот резервоар за вода во главниот град.

Променливите ветрови во петокот попладне предизвикаа пожарите надвор од Атина и Евија да го сменат правецот неколку пати, во некои случаи враќајќи ги заканите во областите што речиси избегнале уништување на почетокот на оваа недела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …