Сите граѓани и туристи кои се во Грција синоќа добиле СМС предупредување за пожарите. Пораката не треба да предизвикува паника кај граѓаните и туристите, туку напротив, да ги доведе до поголема претпазливост!
Поради екстремно високите температури во наредните денови, исто така, ќе има високи ризици од пожар во многу области во Грција, и на сите туристи им се советува да избегнуваат какви било активности или дејствија што можат да предизвикаат пожар во следните неколку дена, како што се скари на отворено, палење оган, фрлање отпушоци од цигари и сл., наведуваат од Грција инфо.
Најкритичната ситуација во моментов е во Атина, каде се активни повеќе пожари. Автопатот од Ламија до Атина во моментов е затворен. Исто така е критично за Евија. Ако планирате патување со автомобил до Пелопонез, одете по Јонскиот автопат и заобиколете ја Атина.
Ако забележите чад или пожар во вашата област, јавете се веднаш на Противпожарната служба на 199.
⚠️ Πάρα πολύ υψηλός κίνδυνος 🔥 τις επόμενες μέρες
🆘 Αποφεύγουμε οποιαδήποτε εργασία που μπορεί να προκαλέσει 🔥
🚫 Δεν επιτρέπεται η πρόσβαση σε δάση & άλση
‼️ Αποφεύγουμε τις άσκοπες μετακινήσεις
‼️ Ειδοποιούμε αμέσως την @pyrosvestiki στο ☎️199 αν εντοπίσουμε εστία 🔥 pic.twitter.com/9ejETB25wj
— 112 Greece (@112Greece) August 5, 2021
Фото: Instagram