(ВИДЕО+ФОТО) Најтажна венчавка: Трогателните завети биле искажани во солзи, за жал, невестата наскоро ќе умре

Лекарите на Ешли Симрај (23) и рекле дека грутката што ја има на ногата е безопасна уште во 2018. година, но една година подоцна се разболела од агресивен карцином. Минатиот месец и било кажано дека и преостануваат уште само неколку недели живот.
И покрај ужасната дијагноза, таа на емотивна церемонија се омажила за нејзиниот свршеник Џејсон Хејл, минатата сабота, опкружена со омилените животни во „SeaWorldu“ во Австралија, пишува Мирор.


Ешли забележала грутка на ногата уште во 2018. година, но лекарите и рекле дека станува збор за безопасна брадавица. Една година подоцна и бил дијагностициран меланом кој се проширил низ целото тело.
Минатиот месец, Ешли дознала дека има уште неколку недели живот, но тоа не ја спречило да оди во SeaWorld да се омажи за љубовта на нејзиниот живот. На трогателната венчавка имало 50. најблиски пријатели и членови на семејството.

До олтарот во количка
Стотици луѓе донирале пари за да и помогнат на Ешли. Но, за жал, таа не можела да оди до олтарот, туку ја возеле во инвалидска количка. Младенците плачеле додека разменувале завети.
„Многу сум горд на тебе и пресреќен сум што имав можност да те наречам моја жена“, и рекол Џејсон со солзи во очите.
Нејзиниот бесен татко Тони Симрај, рекол дека лекарите мора да одговорат затоа што не и направиле биопсија, туку и рекле дека има брадавица.
„Таа сега има рак на белите дробови, рак на црниот дроб, рак на дојка и само неколку дена од животот. Се чувствуваме изневерено затоа што таа им веруваше на лекарите и продолжи со животот како да е сè во ред “, изјавил тој за MailOnline.


Таа е голем борец
Преку платформата Go Fund Me биле собрани пари за да последните денови од животот на несреќната Ешли и се направат полесни и поубави, која моментално лежи во нејзиниот дом и за неа се грижи медицинска сестра.
„Ешли не сака да се врати во болница и ние како семејство ќе се погрижиме таа да остане дома опкружена со луѓе што ја сакаат“, истакнал нејзиниот татко и истакнал дека таа е голем борец.
„Ешли сè уште се бори толку силно и сè уште му пркоси на она што и го кажаа лекарите. Утрово ни рекоа повторно да се подготвиме за најлошото, бидејќи на нејзиниот живот и преостануваат само неколку часа, што не уништи сите, но таа не може да се откаже и изгледа добро во моментот“, изјавил Тони.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Светата маченичка Пелагија Тарсиска Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и …