(ВИДЕО+ФОТО) Марија Спасовска пред нови предизвици: Интернационални настапи за уште потврдувања на нашата млада ѕвезда!

За Марија Спасовска нема одмор…По минатогодишното претставување на Македонија на „Детската Евровизија“ со песната „Дома“ започна „лавината“ од интернационални настапи…но, она што е уште поважно таа од секаде се враќа со специјални награди, признанија кои досега не ги има освоено ниту еден македонски изведувач…
Младата Марија е многу ангажирана, па покрај пеењето посетува и часови по пијано, а веќе свири виолина…Многу обврски но Марија ги извршува со љубов бидејќи музиката и пеењето се нејзините најголеми љубови..


„Покрај Евровизијата настапив на многу интернационални фестивали. Во Македонија но и надвор од земјата, но можеби мојот најголем успех, покрај евровизијата е освоената трета награда на Славјански базар каде бев прва Македонка која доби награда во детскиот дел од фестивалот. И’ многу сум горда на тој успех. Тука е и првата награда Во Москва, потоа во Минск, во Белорусија каде го освои второто место на уште еден интернационален фестивал.На многуте детски фестивали во Македонија исполнив седум солистички песни но и мојата прва тинејџерска песна ‘Играј со срце’. Лани учествував на интернационалниот фестивал ‘Тра ла ла’ каде го претставував своето знаме, на Македонија, и бев единствениот натпреварувач кој освои специјална награда во својата категорија и сум многу горда на себе“, вели Марија во интервјуто за МРТ.


Краток прилог подготвен од МРТ и најава за следните активности 💖


Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Dienstag, 23. April 2019

Марија ја претставува Македонија на фестивал во Гдањск, Полска, каде ќе изведе песна на полски и уште една која наскоро ќе ја одбере. Напорно се подготвува и се надева дека во најдобро светло ќе го претстави своето знаме.
Инаку минатото лето Марија беше учесник на интернационалниот фестивал „Тра ла ла“, каде ја доби специјалната награда од фестивалот. Таа беше единствена од Македонија која доби награда на фестивалот. Исто така на истиот фестивал се здоби со посебна награда „best voice“ од претседателот на жирито од Романија. Благодарение на ова искуство оваа година Полска ја кани Марија на фестивал таму каде треба да пее на полски јазик. Целосната поддршка за учеството во Полска ја обезбедува Полска.

И меѓу сите тие обврски Марија Спасовска учествуваше на фестивалот „Underfest“  каде остави одличен впечаток што можеше да се види по бројните коментари по медумите.

Halo 😻@beyonce #beyonce #halo #sing #singer #song #singing #cover #marijaspasovska #junioreurovision2018

Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Samstag, 6. April 2019

Оваа година повторно ќе учествува на јубилејното 20 години „Тра ла ла“ кое ќе се одржи во Охрид.


На 14. мај, Марија ќе учествува на државен натпревар за соло пеење организиран на ниво на сите училишта во Македонија. На регионалниот натпревар по пеење во Општина Аеродром, Марија ги освои максималните 100. поени од жирито.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …