(ВИДЕО+ФОТО) Италија на посебен начин му се заблагодарила на момчето (13) кое ги спасил своите другари од „полуден“ возач на школски автобус!

Тинејџерот Реми Шехата (13) кој го надмудрил грабнувачот на школски автобус во Италија и така им ги спасил животите на своите школски другари ќе добие италијанско државјанство.
Возачот на автобусот, инаку Сенегалец, во средата го запалил автобусот, а на децата им рекол дека на овој потег се одлучил поради страдање на африканските мигранти на Средоземјето.
За среќа, 50. ученици се извлекле без повреди.


Реми во таа ситуација многу добро се снашол кога, додека се претворал дека се моли на арапски, со телефон го повикал неговиот татко.
Инаку, семејството на момчето е со египетско потекло, но Реми се родил во Италија, меѓутоа, немал и државјанство на таа земја.


„Мојот син ја изврши својата должност и би било убаво сега да добие италијанско државјанство. Би сакале да останеме во оваа земја“, рекол таткото на Реми.
Локалните медиуми пренеле дека учениците на возраст од 12. години ги алармирале родителите кога возачот свртел од вообичаениот пат и рекол,дека нема никого да пуштои надвор.


Следела потера на крајот на која полицијата го стасала автобусот и им помогнала на децата да излезат, додека возачот се заканил со самоубиство и го запалил автобусот. На возачот му се заканува обвинение за киднапирање и обид за масовно убиство.

Извор:index.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …