(ВИДЕО+ФОТО) Необична појава над ОАЕ: Коментари за инвазија на вонземјани или претскажување?

Пред неколку дена на небото над Обединетите Арапски Емирати се појавила чудна дупка, а бројни корисници на социјалните мрежи изразиле сомнение дека станува збор за инвазија на вонземјани. Изминатите денови жителите на ОАЕ се обиделе да откријат што се крие зад мистериозната дупка на небото над градот Ал Аин.
Социјалните мрежи биле преплавени од снимки и фотографии од овој феномен, а луѓето кои ги споделувале на интернет не можеле а да не се запрашаат дали навистина вонземјаните одлучиле да дојдат на Земјата, пренесува “Sputnik”.

Еден жител на ОАЕ напишал дека небото изгледа како “Бог да фрлил камен во езеро”, запрашувајќи се дали станува збор за некое претскажување. Меѓутоа, научниците брзо ја разоткриле мистеријата, објаснувајќи дека феноменот не бил ни божествен ни вонземјански.


Станува збор за „дупка за пукање” или „облак за бушење на дупки”, кој се јавува кога капки вода во студена состојба кои се предизвикани од авионите кои минуваат низ облакот.

Кристалите од мраз тогаш почнуваат да паѓаат, предизвикуваат испарување на капките, што остава масивна дупка во средината на облакот.

Извор:B92

Превод: Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …