(ВИДЕО+ФОТО) Интервју со „Милко“: „Скопје веќе подолго време не личи на себе, дојдоа други времиња, други луѓе а кога градот ја губи сопствената душа станува непрепознатлив…“

– Големо задоволство е да се види дека „Милко“ со “Ноќ ко витез војува” бил на врвот на топ листа во Полска?

Задоволството е големо кога вашиот труд некој го валоризирал и го испочитувал а најголемо е задоволството кога му се допаднала песната или го допрела некого на свој сопствен начин. Во време кога музиката е широко достапна , огромна понуда на најразноврсна музика , топ листитите ја изгубија својата функција што ја имаа некогаш, меѓутоа сеуште има некои кои тврдоглаво не потсетуваат на времињата кога мизиката имаше големо влијание во општествените текови и ете и ние се најдовме на една таква листа и тоа на врвот како што посочувате


– Но со другата „Без излез“ сте биле и на друга топ листа?

При презентирање на нашите албуми секогаш се обидуваме тоа да биде добро пренесено и на локалните радио станици каде што сме одлично прифатени и со повеќе песни сме биле на врвот на овие топ листи, последен пат со нашиот последен сингл ,,Светлина,, од нашиот последен албум бевме подолг период присутни на сите радио станици и воглавно сме многу задоволни како јавноста го прифаќа нашиот музички сензибилитет и без проблем го сместува бендот Милко во оној алтернативен инди поп рок свет каде што и припаѓа


– Нели тоа ве поттикна за посериозна работа?


Успехот во работата е најмногу врзан со тоа колку бил Вашиот пристап сериозен, одговорен и истраен.Колку и дали сме биле сериозни во нашето музичко битисување и дали нашиот креативен ангажман оставил некаква тежина  ке покаже времето. Лично сметам дека патот кој што го одбравме добро го изодевме и се етаблиравме како алтернативен бенд од Западно Скопје со инди поп-рок призвук со амбиција- оставање на белег во современата македонска музика останувајќи верни на познатата скопска флоскула за Инди убавина.

– Издавање албум, концертна промоција, концерти…што понатаму? Планови, желби, амбиции?

Што се однесува до амбициите, желбите, плановите во моментов се е ставено на еден креативен стенд бај и се чека вистински момент тоа да експлодира од нас,додека пак концертно по две години пауза се актвираме на 02.10.2021 во рамките на овогодинешниот Underfest кој ке се оддржи во Јавна соба во Скопје, каде што со задоволство ке настапиме и ке имаме можност за повторна средба со скопската публика.

– Дали навистина сметате дека „Овој град не препознава херои“?

Скопје веќе подолго време не личи на себе, дојдоа други времиња, други луѓе а работите доживееја подруг тек. Кога градот ја губи сопствената душа станува непрепознатлив и се што било за него кажано, напишано, испеано, доживеано ја губи смислата пред тажната вистина за еден град кој што беше толку многу сакан а е денес толку многу понижен. Така е и со неговите херои,градските урбани ликови кои исто така бездушно бледнееат пред нивниот град кој што беше симбол на нивната младост, на нивното време, на нивниот живот.

Г.Оџакова

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …