(ВИДЕО+ФОТО) Интервју со „Милко“: „Скопје веќе подолго време не личи на себе, дојдоа други времиња, други луѓе а кога градот ја губи сопствената душа станува непрепознатлив…“

На претстојниот, инаку трет по ред, „Андерфест“, ќе учествуваат и „Милко“, кои за себе велат дека се алтернатива бидејќи тоа им овозможува Слобода на израз, слобода на избор, слободно канализирање на творечкиот дух барајќи го својот скриен порив за творечко изразување.  Се што е несекојдневно, се што излегува надвор од рамките, ограничувањата и таканаречените општествено прифатени норми…Што друго ни „појаснија“ можете да прочитате подолу…

Наша препорака е вечерта на 2. октомври да ја резервирате за „Андерфест“, „Милко“, и…- Од тоа што го преслушав се забележува сериозен пристап кон музиката, љубов кон истата, и многу добри композиции…Работите повеќе од 10. години.


– Како решивте да го формирате „Милко “?

Сосема природно. Отсекогаш не привлекувал тој начин на создавање на музика преку комбинирање на различни енергии, различни влијанија и погледи врз нештата, додека идејата секогаш е заедничка и неоспорно длабоко зацементирана, канализирана во нашиот уметничко-творечки израз и креативно битисување премачкано со илјада бои во форма на емоции, чувства и сето тоа споделено со еден искрен и чесен пристап


 

– Алтернатива – што значи тоа за вас?


Слобода на израз, слобода на избор, слободно канализирање на творечкиот дух барајќи го својот скриен порив за творечко изразување.  Се што е несекојдневно, се што излегува надвор од рамките, ограничувањата и таканаречените општествено прифатени норми на однесувања и разбирање на нештата е возбудлив терен за уметничко изразување и авторско испробување на сопствените амбиции за креирање на музички форми

– Со оглед на тоа што го изведувате делувате многу сериозно но чинам дека јавноста нема доволно слух за вашата музика или Вие не бевте доволно активни да се презентирате?

Нашиот пристап е таков какви што сме ние како луѓе, инаку не е природно, едноставно тоа не би биле ние. Оставаме делата да зборат за нас, ненападно , тивко, навидум нечујно оставаме музиката гласно да ечи и да патува низ етерот без многу филозофорање и нападно натурање.

– Што е тоа што ве придвижува да творите?

Творечкиот порив го има во секого од нас само треба да му дозволиме да се разбуди, да излезе и да го отслика тоа што го чувствуваме на некој свој начин. Многу е едноставно, потребна е добра перцепција на окружувањето, силно доживување на секојдневието и без потиснување на чувствата да ја отвориме душата пред себе. Само со искрен пристап, чесно бескомпромисно може да се допре до секого и да се разговара преку уметноста

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …