(ФОТО) Земале песни на „почек“: Во тестаментот ја открила целата вистина!? Марина Туцаковиќ ги прозвала музичарите кои и должеле пари!

Таа е позната и по тоа што напиша стотици песни, а благодарение на талентот на Марина, многу sвезди станаа славни.
Една од најпознатите хитмејкерки, легендарната Марина Туцаковиќ, почина пред помалку од десет дена, а многу sвезди кои работеа со неа со години се уште не можат да се помират со нејзиното заминување.
Таа е позната и по тоа што напиша стотици песни, а благодарение на талентот на Марина, многу sвезди станаа славни. Меѓутоа, српските медиуми сега пишуваат дека некои музичари ги зеле песните на кредит, а Марина наводно ги спомнала во својот тестамент.


View this post on Instagram

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)


„Марина е болна со години, и за време на третманот имаше време да размисли за се. Таа, исто така, напиша тестамент со оглед дека нејзината здравствена состојба се влошуваше од ден на ден. Во својот тестамент, хитмејкерката спомена, покрај имињата на членовите на семејството и пријателите, бројни музичари на кои им пишувала песни во последните години. Ги спомена сите оние што ја разочараа, а пред нејзината смрт зборувала за тоа дека многу јавни личности порано и се јавувале, а во последните неколку месеци скоро никој“, вели извор близок до Марина Туцаковиќ и продолжува:


„Многу музичари и должеа големи пари за текстови. Тие го одолговлекуваа плаќањето а од друга страна јавно ја поддржаа. Марина никогаш не сакаше јавно да посочи за кои sвезди станува збор. Сите знаеме колку одличен човек беше“, додализворот во интервју за Kurir.rs.
Потсетуваме дека авторката на бројни музички хитови од подрачјето на поранешната држава долго време се бореше со малигна болест, а во последно време нејзината состојба во голема мера се влоши. Нејзиното здравје беше дополнително нарушено од коронавирусот.
Легендарната Марина го напушти светот на 19. септември на 68. годишна возраст.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство Иван Антонов

Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше …