(ВИДЕО+ФОТО) Хари и Вилијам оделе одвоено покрај ковчегот на нивниот дедо – Погледнете како се однесувале кога се’ било завршено!!

Принцевите Вилијам и Хари прв пат беа видени заедно откако Хари ги напушти кралските должности. Принцовите одеа покрај ковчегот на нивниот дедо, принцот Филип.
Сепак, тие не одеа рамо до рамо, туку меѓу нив беше братучед Питер Филипс. Британските медиуми пишуваат дека браќата веројатно не се ни виделе пред погребот и дека ова е навистина нивна прва средба откако Хари ја напушти Велика Британија.

Погреб под епидемиолошки мерки
Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора, беше погребан попладнево во кралската крипта на замокот Виндзор. Погребот беше во семеен круг поради ограничувањата наметнати како дел од борбата против коронавирусот.



Според здравствените мерки што се во сила во Англија, на збогувањето присуствувале само 30. гости, од кои повеќето се членови на кралското семејство.
Принцот Филип, кој бил во брак со кралицата 73. години, почина на 9. април на 99-годишна возраст, откако помина еден месец во болница поради проблеми со срцето и инфекција.


Но, кога погребот бил завршен браќата повторно се здружиле. При напуштањето на службата Кејт и Вилијам го ставиле во средина Хари и заедно си заминале.


Желбата на нивната баба, кралицата Елизабета, за време на погребот да бидат одвоени од братучедот била испочитувана, но кога церемонијата била завршена Хари и Вилијам повторно се здружиле.

Фото: Принтскрин/Ruptly/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …