Зошто хороскопските знаци ги раскинуваат врските: Лавот не сака срамежливи, а Скорпијата не сака лажговци…

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Стрелците се секогаш во движење и не можат да бидат со некој што е мрзлив и не може да ги следи, а Водолијата е полудена од практични луѓе кои не ги разбираат нивните ексцентрични идеи и луди соништа…

Овен – посесивност
Не можете да ја поднесете посесивноста на вашиот партнер затоа што сте исклучително независни и сакате да имате живот надвор од вашата врска.
Исто така, сакате да имате ваш простор и слобода и нема да толерирате некој што ве гуши, дури и ако ве гуши со љубов.


Бик – непочитување
Премногу сте горди и имате исклучително високи стандарди, па секој што не ве почитува ќе биде исфрлен од вашиот живот.
Колку и да ја сакате таа личност, никогаш нема да ја гледате на ист начин ако некогаш, дури и на шега, ви покаже непочитување.

Близнаци – резервираност
Не можете да бидете со некој што не е социјален затоа што копнеете по активен социјален живот. Имате многу пријатели и познаници и ви треба партнер кој е способен да се справи со овој вид социјален притисок.
Некој што е груб или повлечен нема да одговара на вашата социјална личност.


Рак – затвореност
Не можете да бидете со некој што е резервиран и ви крие некои работи. Вие сте емотивни и интуитивни, па сакате можност да разговарате со вашиот партнер и да му помогнете доколку поминува низ тешки моменти. Вие не сакате тој да ги крие своите тајни од вас.
Некој што не ви се отвора нема да може да ви ја даде силната емоционална врска што ја сакате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …