(ВИДЕО+ФОТО) ДОДЕКА НИЕ СЕ ПРЖИМЕ ВО АВСТРАЛИЈА ПАДНАЛ СНЕГ: Ладниот бран донел ветрови од 100 км на час, а најинтересни се кенгурите кои скокаат по снегот!

Додека топлотниот бран беснее во Европа, на јужната хемисфера има една сосема друга приказна.
Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови, а полека се движи источно од земјата.


Метеоролозите ги советуваат граѓаните да останат во домовите и да се држат настрана од речните и морските патеки.

Снегот паднал и во Нов Јужен Велс, Викторија и Канбера. Скоро 80 см снег паднал во планинските области.

Поради ветровите кои дуваат со околу 80 километри на час, воздушниот сообраќај беше запрен и неколку летови беа откажани на аеродромот во Сиднеј.

Во другите области ветерот се зголемил на 100 км на час.

Имаше неколку сообраќајни несреќи на патиштата додека возачите се бореле со слабата видливост и лизгав сообраќајници.

Децата уживале во снегот, а имало и слики на социјалните медиуми од кенгури како скокаат на беласта прекривка.

Kurir.rs/Dejli mejl
Фото: Twitter/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 20.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои одличен почеток на работа. Соработниците би можеле да ви …