Младата жена со својот потег ги воодушевила корисниците на социјалната мрежа TikTok. Имено, таа јасно му ставила до знаење на мажот кој со месеци ја напаѓал да ја остави на мир.
Челси Глисон од Тексас ја снимила целата ситуација и ја објавила на својот профил каде собрала повеќе од 32. милиони прегледи.
На видеото се гледа како таа крева тегови и се обидува да вежба, а потоа во еден момент и приоѓа момче одзади и почнува да дофрлува. Таа не му одговарала, додека тој сериозно не и пришол.
„Не ми се приближувај“, се заканила таа, на што тој си заминал.
Таа вели дека никогаш не го запознала мажот, а тој веќе некое време ја малтретира.
@justchessleebeing a female is fun(:
“Браво, девојко! Биди секогаш јасна и гласна и ако е потребно, повикај помош. Жал ми е што си морала да се справиш со тоа”, „Ти се справи со ова одлично”, ѝ рекле луѓето.
Глисон последователно објавила видео во кое рекла дека салата била свесна за инцидентот и дека човекот бил исфрлен. Иако му било кажано да не се враќа и дека повеќе не може да биде нивен член, тој се обидел да влезе, па тие му се заканиле со полиција.
„Ме следеше низ теретана и само ме демнеше“, објаснила таа.
Од салата се уште не се изјасниле за случајот.
Фото: TikTok