(ФОТО) Алек Болдвин се појавил на фотографија за „Ноќта на вештерките“, на интернет ја напаѓаат неговата сопруга!

ХИЛАРИЈА БАЛДВИН, сопругата на актерот Алек Болдвин, на Инстаграм објави фотографии од маскираното семејство на „Ноќта на вештерките“, а реакциите во јавноста беа поделени.
Хиларија на својот профил објави серија фотографии и видео каде парот позира со шесте деца.
„Се подразбира дека беше предизвик да се биде родител во овој период. Се собравме денес да го прославиме празникот. Подготовка во последен момент… малку експериментирање… но тие беа толку среќни и го стоплија срцето на мама“, напишала Хиларија во описот на публикацијата.


View this post on Instagram

A post shared by Hilaria Thomas Baldwin (@hilariabaldwin)


Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Алек Болдвин, некои сметаат дека објавувањето фотографии не е соодветно.


„Им дозволувате да бидат деца… Се надевав дека ќе ја продолжите традицијата. Иако сум сигурна дека најважно ви е сега да бидете сите заедно“.
„Ве сакам сите многу… Да се помине низ она низ што поминувате, а сепак да имате сила за празниците… кога овие деца ќе го гледаат ова, ќе се сетат какви одлични родители сте вие“.
„Она што го правите и покрај се’ што ви се случува е прекрасно. Обожавам да ги гледам овие среќни и убави објави“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …