Застрашувачки момент кога разгневениот бизон бркал туристи во американскиот Национален парк Јелоустоун бил снимен преку камера на телефон, но за среќа, нападнатата жена одиграла паметно и поминала неповредена.
Како што може да се види во видеото, парот шетал кога два бизони, од чист мир, се упатиле кон нив . Бегајќи во паника, жената се сопнала и паднала во моментот кога повеќе немала шанси да го избегне разбеснетото животно.
За среќа, другите туристи и викале да легне и да не се движи, да се прави мртва, што таа и го направила. На изненадување на присутните, бизонот и пристапил на жената која лежела неподвижно во тревата, ја душкал и одеднаш го изгубил интересот за неа.
'PLAY DEAD!' A woman in Yellowstone National Park was unharmed after a bison charged toward her as frightened onlookers urged her to lay still on the ground. https://t.co/V7ZirNdyHo pic.twitter.com/LLJf0iVdKh
— ABC News (@ABC) July 21, 2020
Тинејџерката која го снимила видеото вели дека разговарала со жената по ова застрашувачко искуство.
“Беше страшно, ова е лудо. Жената е од Њујорк, но живее во Монтана, па знаеше да се однесува затоа што животното веќе беше премногу близу”, рекла таа.
Претставниците на „Јелоустоун“ потенцираат дека луѓето треба да се држат настрана од сите диви животни во паркот најмалку 25. метри.
„Бизонот може да биде многу непредвидлив. Многу е ризично. Тие можат да делуваат потполно мирно и незаинтересирано и да го променат своето однесување за само една секунда“, рекла Рејчел Бејл од National Geographic.
Бизоните повредувале далеку повеќе луѓе отколку кое било друго животно во паркот, а овие средби може да бидат целосно спречени.