(ФОТО) ТАЖНО – МОРБИДНИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА ВНУКОТ НА ЕЛВИС ПРИСЛИ: Се убил пред девојката на нејзиниот роденден – На истото место како и славниот дедо!

Бенџамин Кио (27), внук на рокенрол легендата Елвис Присли, се самоубил во неговата вила во Калабасас. Внукот на рокенрол легендата е пронајден со прострелна рана на градите. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство, но дека некои околности не се јасни.
Синот на Лиза Мари Присли, ќерка на Елвис и Присила Пресли, која се омажи за музичарот Дани Кио, а со кого има и ќерка Рајли, се самоуби на роденденската забава на неговата девојка Дајана Пинто и зетот Бен Смит-Петерсон.
Според странските медиуми, соседите на потомците на Елвис слушнале жена како врескала во раните утрински часови на 12.јули, за која се верува дека е Пинто: „Не да го правиш тоа!“

Полицијата пристигнала околу шест часот наутро и го пронашла телото на Бенџамин во бањата. Бенџамин се заклучил во едно од трите купатила и се застрелал во главата.


Во шокантен пресврт на настаните, полицијата во Лос Ангелес открила дека обдукцијата покажала дека Бенџамин ја отворил устата и го повлекол чкрапалото, така што тој се застрелал во главата, а не во градите, како што првично било запишано во извештаите.
Она што е можеби е уште пошокантно е дека местото каде што Бенџамин се самоубил бил тоалетот, истото место каде неговиот славен дедо бил пронајден мртов во 1977. година.

Останува непознато дали со самоубиство во бањата, Бенџамин некако сакал да потсети на неговиот дедо, особено со оглед на тоа дека Лиза Мари, неговата мајка, секогаш ја потенцирала сличноста меѓу двајцата, а не само физичката.
Понатаму, странските медиуми наведуваат дека соседите, по убиството и по пристигнувањето на полицијата, ја слушнале Пинто како разговарала со еден од полицајците и велела дека се плаши дека семејството на Бенџамин ќе ја мрази, па дури и ќе ја обвинуваат за неговата смрт.
Тоа, се разбира, не се случи, а Пинто беше видена неколку дена подоцна како таа и мајката на Бенџамин го напуштиле хотелот во Беверли Хилс, каде престојувала Лиза Мари, држејќи се за рака.

Девојчката која очигледно знае што точно се случило со Бенџамин, се збогувала со момчето со кое поминала четири години во врска, меѓу другото, со зборовите: „Не можам да го замислам мојот живот без тебе“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …